СПМ: Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите
- СДС во врховистички занес упорно инсистира на прифаќање на предавнички документ што го нарекува резолуција за да се амнестираат неговите раководствс од велепредавството што го направија и за закочувањето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.
Скопје, 7 октомври 2025
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во предизборните настапи од страна на опозициските СДС и ДУИ се негира сè што е постигнато во државата од владеачката Коалиција „Твоја Македонија“. Самите тие што со години ја уништуваа државата и не можат да понудат ништо за граѓаните на локалните избори, срамно ги оцрнуваат сите што имаат визија, планови и желби и знаат како државата да оди напред, се наведува во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија, што МИА го пренесува интегрално.
СДС во врховистички занес упорно инсистира на прифаќање на предавнички документ што го нарекува резолуција за да се амнестираат неговите раководства од велепредавството што го направија и за закочувањето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.
Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите и ги запреа напредокот и развојот.
Појавувањето на лидерот во сенка и политички и секаков криминалец Зоран Заев, кој во медиумите настапува во одбрана на СДС и Филипче, е доказ дека се уплашени од злосторството што го направија и за тоа што им следува како предваници на народот.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека секој што правел криминали и злодела и сеуште се обидува да ги прави неизбежно е судски да одговара, на што СПМ особено ќе внимава. Граѓаните се свесни, знаат и не прифаќаат лаги и манипулации што ќе се потврди со гласањето на изборите и со масовната излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“.
Фото: МИА архива