СПМ: Инфантилна е тезата дека само со СДСМ и ДУИ државата ќе се европеизира
- Социјалистичката партија на Македонија укажува на инфантилната теза дека само со СДС и ДУИ државата ќе се европеизира како на уште една лага од многуте што ги искажуваат со години.

Скопје, 16 март 2024
Социјалистичката партија на Македонија укажува на инфантилната теза дека само со СДС и ДУИ државата ќе се европеизира како на уште една лага од многуте што ги искажуваат со години.
СДС и ДУИ лажно ја обвинуваат опозицијата дека е против европската иднина и дека со неа државата ќе се изолира.
Социјалистичката партија на Македонија повторува дека единствени кочничари на еворпскиот пат на Македонија се токму СДС и ДУИ. Тие потврдија дека со криминалот и корупцијата работат против својата држава и народ и ги водат во изолација.
Бараат мандат од граѓаните за да ги осиромашат и ограбуваат до бескрај. Лагите на СДС и ДУИ за повисоки плати и пензии се провидни и народот не им верува.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствен спас од ваквите лаги и пропаганди на ДУИ и СДС е масовното излегување на граѓаните и да гласаат за Коалицијата "Обнова на Македонија" која е вистинската сила за спас и просперитет на македонската држава.
Само со Коалицијата е можна одбрана на македонската држава, јазик, култура и идентитет, а СДС и ДУИ мора да бидат позразени за да се спречат нивните злосторнички намери кон Македонците.
Социјалистичка партија на Македонија
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива