Спиропали и Меџити положија цвеќиња пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег
- Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес имаше чест да ја пречека г-ѓа Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје, се посочува во соопштението на Општина Чаир, коешто МИА го објавува интегрално.
Скопје, 22 декември 2025
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес имаше чест да ја пречека г-ѓа Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје, се посочува во соопштението на Општина Чаир, што МИА го објавува интегрално.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси на двете држави.
Г-ѓа Спиропали и градоначалникот Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит и длабоко уважување кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците. По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи.
Присуството на г-ѓа Спиропали во Чаир дополнително испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание на државата Албанија кон Албанците во Северна Македонија.
Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ.
Општина Чаир