• сабота, 22 февруари 2025

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја во која е вклучен и Киев

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја во која е вклучен и Киев

 Вашингтон, 13 февруари 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на САД за Украина Кит Келог денеска ја започнува европската турнеја што ќе трае до 22 февруари и ги вклучува Германија, Белгија и Украина. Целта на турнејата е да се поддржи идејата на претседателот Доналд Трамп за обезбедување мир во Украина, како и американските интереси во областа на националната безбедност, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.
Специјалниот пратеник на претседателот ќе учествува на конференцијата за безбедност во Минхен и ќе го посети седиштето на НАТО и Европската унија во Брисел, каде што ќе се сретне со сојузниците и партнерите од цела Европа кои се подготвени да соработуваат со САД за ставање крај на руската војна против Украина и враќање на стабилноста во Европа.

Во Украина, Келог ќе се сретне со владини претставници . „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека борбите мора да престанат и дека САД се подготвени да поддржат трајно решение. Специјалниот пратеник е посветен на извршување на тешката дипломатија што ќе биде неопходна за да се постигне целта на претседателот“, нагласува Стејт департментот. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан