• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април - никогаш да не се заборави

Спасовски:  Шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април - никогаш да не се заборави

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот. Апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период, наведува  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објавата на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на шестгодишнината од нападот врз македонското Собрание на 27 април 2017 година.

-Точно шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април 2017 - кулминација на двегодишната политичка криза, луѓе маскирани, со качулки на глава извршуваат напад на институциите и напад на пратеници, поттикнати од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. Целта беше со напад на демократското и уставното уредување да се земе власта и по цена на живот. Затоа, апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период. Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот!, се наведува во фејсбук статусот на министерот Спасовски. 

Денес, додава тој, зборуваме за МВР за граѓаните, за реформирана и европска полиција, за полициски службеници кои пожртвувано се вложуваат за безбедноста на сите граѓани, наспроти тоа време одбележано со, како што посочува, невидена полициска бруталност и организирано полициско делување и агресија против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

-Заврши времето кога граѓанинот се плаши од полицијата, денес полицијата е партнер на граѓаните! Денес Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според Глобалниот индекс на мир, во друштво на 36 најбезбедни земји во светот. Јасна е разликата! Горд сум што како застапници на идеите за слобода и демократија, и по цена на сопствениот живот, успеавме да ја одробиме државата, да ја вратиме на прав пат, во евроатлантските структури таму каде што припаѓаме, како држава на сите граѓани! Никогаш да не се заборави!, стои во објавата на фејсбук на министерот Сапсовски. вг/дма/

 

Фото: Спасовски фб статус

Остани поврзан