• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво

Спасовски: Честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитки до македонските граѓани по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
-Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?” - ова се зборови на Светите браќа Кирил и Методиј кои го отсликуваат овој радосен ден, ден на восклик, историски миг на исполнување на сонот на многу генерации. По молитвите на Светите браќа Кирил и Методиј, Светиот сабор на СПЦ со зборовите на српскиот Патријарх Порфириј по долгата заедничка богослужба во Соборниот храм во Скопје ни донесе убава вест - да ја благослови и признае автокефалноста на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, напиша Спасовски на Фејбсук.
Тој упати срдечни честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво.
-Нека расте црквата Господова, ко што расте пламенот на Божјата љубов меѓу браќата и сестрите по Христа. Кога браќата се сакаат, се радуваат и Небото и Земјата. Впрочем, како што рече и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, и Кирил и Методиј по духот ни припаѓаат на сите, наведува Спасовски.
Министерот Спасовски изрази благодарност до патријархот Вартоломеј за, како што наведува, укажаното братољубие од српскиот патријарх Порфириј, како и до сите браќа и сестри од православната екумена, и секако огромна благодарност и признание до МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, и митрополитите коишто неуморно дејствуваа да се оствари овој сон на сеопшта радост на верниот македонски народ. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан