Спасовски: Откриени 372 кривични дела и пријавени 440 сторители на недозволена трговија со дрога
- Во борбата против недозволена трговија со дрога, резултатите во првото полугодие од 2023 година се:372 кривични дела, кривично пријавени 440 сторители, зголемување на заплените на кокаин, амфетамин и екстази: 286 кг марихуана, 7кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3.532 парчиња екстази, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
Скопје, 15 август 2023 ( МИА) - Во првото полугодие од 2023 година откриени се 372 кривични дела и кривично пријавени 440 сторители во борбата против недозволена трговија со дрога, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во објавата на неговиот официјален фејсбук профил Спасовски сублимирајќи ги резултатите за првите шест месеци, наведува и дека се зголемени и заплените на кокаин, амфетамин и екстази и тоа: 286 кг марихуана, 7 кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3.532 парчиња екстази.
-Откриена лабораторија за производство на амфетамин, пресечени три транспорти на марихуана, сузбиени пет криминални групи и Меѓународна акција во Грција каде се запленети 104,6 кг кокаин. Продолжуваме отчетно и транспарентно - МВР за граѓаните 2023, стои на фејсбук статусот на Спасовски. љм/вг/
Фото: МИА