• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски од Опае: ,,Најдоброто за нашата општина“ е доказ дека се грижиме за сите општини подеднакво и го развиваме секој регион рамномерно

Спасовски од Опае: ,,Најдоброто за нашата општина“ е доказ дека се грижиме за сите општини подеднакво и го развиваме секој регион рамномерно
Скопје, 12 јуни 2021 Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вечерва беше меѓу граѓаните на маалска средба со граѓаните на С. Опае како дел од серијата теренски активности „Најдоброто за нашата општина“. СДСМ ги интензивира активностите на терен за да биде уште поблиску до граѓаните, за заедно со граѓаните да создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина за секој град. СДСМ како предводник на локалната власт има реализирано над 4550 проекти, вклучувајќи ги проектите кои се во тек, СДСМ има исполнето високи 63 отсто од ветувањата во изборнитр програми, изјави Спасовски на вечерашната маалска средба со во С. Опае. Централната и локалната власт предводени од СДСМ инвестираа во сите сфери за да го подобри животот на сите граѓани. Владата предводена од СДСМ минатите 4 години инвестираше 2.940.000,00 евра во над 19 км патна инфраструктура на Општината Липково. Извршивме реконструкција со проширување Матејче – Липково, во должина од 3,3 км, за што вложивме 1,340,000,00 евра. Изграден е правецот на Опае - Белаковце – Станчиќ, долг 16 км, инвестиција вредна 1,600,000,00 евра, и ние ќе продолжиме со исто темпо, додаде Спасовски. Нема да застанеме тука, работното лето на СДСМ започна, ќе продолжиме да бидеме меѓу граѓаните и со граѓаните, затоа што слушајќи го гласот на граѓаните се креира најдобра кадровска и програмска стратегија, заклучи Спасовски. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан