Спасовски: Никој не смее и не може да преговара за идентитетот и за македонскиот јазик
- Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, објави министерот за внатрешни работи Ол

Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
- Тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму, додава Спасовски во објавата, пропратена со видео изјава од неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21. сп/