• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски на средба со раководствата на СВР Куманово и СВР Тетово

Спасовски на средба со раководствата на СВР Куманово и СВР Тетово

Куманово, 11 декември 2023 (МИА) - Намалување на бројот на кривични дела во Куманово, регистрира СВР Куманово, изминативе десет месеци, на ниво на СВР Тетово постигната е солидна ефикасност, оцени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој денеска се сретна со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Тој во изјавата за медиумите прецизираше дека за 40 отсто е поголема реализација во расчистување на делата од организиран криминал во Куманово, за 53 проценти е зголемена откривањето функција на тетовското подрачје на шверцот со дрога.

-Радува податокот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во изминатите десет месеци имаме намалување на бројот на кривични дела за 22 проценти, споредено со истиот период лани, а паралелно со ова намален е и бројот на пријави во областа на јавниот ред и мир за 12 проценти. Кај класичниот криминалитет се бележи намалување на бројот на кривични дела за 17 проценти, а намалување од 58 отсто0 е евидентирано кај економскиот криминалитет. Во областа организираниот криминал имаме за 40 отсто поголема реализација во расчистувањето на овие кривични дела, изјави Спасовски.

Како што додаде, кумановската полиција работела и во борбата за недозволена трговија со дрога, извршени се 52 претреси во домови и други простории, поднесени 44 кривични пријави против 47 сторители и запленети се разни видови дрога: марихуана, хероин, кокаин, хашиш, амфетамин, МДМА, семки од растението канабис сатива.-Посебно добри резултати се постигнаа со реализацијата на активностите од оперативниот план ’Безбедно лето 2023‘“, рече министерот Спасовски.

Во однос на превенцијата, министерот истакна дека СВР Куманово има реализирано 1.505 превентивни активности на теми: „Полиција и граѓаните“, „Безбедни училишта“ „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“, „Безбедно во сообраќајот“ итн.

На ниво на СВР Тетово е постигната солидна ефикасност на полицијата, особено во делот на недозволена трговија со дрога.

-И на ниво на СВР Тетово во овој период постигната е солидна севкупна ефикасност во откривачката функција на извршените кривични дела од 76 проценти и намалување на криминалитетот, согласно трендот на континуирано генерално намалување во државата. Намалување има кај пријавите во областа на јавниот ред и мир за 6 осто, а ефикасност од 28 проценти е евидентирана кај кривичните дела со непознат сторител. Во областа на недозволената трговија со дрога во овие 11 месеци откриени и пријавени се вкупно 122 кривични дела, што претставува зголемување на откривачката функција за 53 проценти, кажа Спасовски.

Тетовската полиција запленила од 33,5 кг марихуана, но и хероин, кокаин, амфетамин, хашиш.

-А, покрај оваа заплена, овој месец, поточно на 03.12.2023 на подрачјето на СВР Тетово во заедничка акција се пронајдени и запленети дополнителни 30,7 кг марихуана, додека пет лица, од кои едното државјанин од Р. Албанија се приведени“, рече министерот Спасовски. Тој очекува и во наредниот период овие организациски единици да продолжат со несмалено темпо во реализацијата на утврдените приоритети во насока на намалување на криминалитетот во сите негови форми и области, а посебно да ги зајакнат контролите и активностите во претпразничниот период, со цел одржување на нивото на безбедност и поволен јавен ред и мир во интерес на граѓаните.

Спасовски претпразнично апелираше да не се употребува и продава пиртотехнички средства.

-МВР презема низа активности за спречуваењ на нелегалната продажба на пиротехничките средства и за тоа ќе почнат сериозни реализации во наредниот период, повика Спасовски, истакнувајќи дека граѓаните, а особено најмладите да не користат пиротехнички средства за да не го довадат во опасност своето и туѓото здравје и живот. ам/аа/

Фото: МИА и МВР

Остани поврзан