• недела, 21 јули 2024

Спасовски на министерска конференција во Атина

Спасовски на министерска конференција во Атина
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјална покана од грчкиот министер за цивилна заштита Панајотис Теодорикакос, денеска и утре ќе учествува на Министерска конференција во Атина, организирана во рамки на претседавањето на Грција со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во периодот 2021-2022 година. Како што најавија од МВР, на маргините на конференцијата предвидена е и билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот грчки колега Теодорикакос. цр/сп/

Остани поврзан