• вторник, 14 мај 2024

Спасовски му го честита 100 роденден на Стојановски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија

Спасовски му го честита 100 роденден на Стојановски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија
Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) - Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, со срдечни желби за добро здравје и понатамошни успеси!, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
 
- Д-р Стојановски, ви посакувам да Ве служи здравјето уште многу години! Нека Вашата посветеност, одважност и мудрост продолжат да бидат инспирација за секоја следна генерација во нашата држава, но и пример за сите членови на Сојузот на борците и продолжувачите, објави Спасовски.
 
Инаку, д-р Никола Стојановски, напиша министерот Спасовски, е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна, а веќе втор мандат ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.
 
Роден во велешко, завршил Медицински факултет во Белград и речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав, а бројните одликувања и признанија говорат за несебичната заложба за напредок на граѓаните и државата. цр/са/

Остани поврзан