• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: МВР го слуша гласот на секој еден македонски иселеник во странство

Спасовски: МВР го слуша гласот на секој еден македонски иселеник во странство

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Србија денеска ја посети македонската Амбасада во Белград, каде оствари средба со вршителот на работите во Амбасадата, Михаела Веселинов

На средбата, информираа од МВР, се разговарало за напредокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, започната од Северна Македонија, Србија и Албанија, со цел солидарност и добрососедство, а во функција на унапредување на регионалната соработка и олеснување на движењето на луѓе, стоки и услуги, за подобар живот и стандард на нашите граѓани.

Спасовски уште еднаш ја потврди заложбата на МВР да се слуша гласот на секој еден македонски иселеник во странство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета денеска ја посети македонската Амбасада во Белград, каде оствари средба со вршителот на работи во Амбасадата на Р

- МВР е вистински сервис за граѓаните, со ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните. Секој еден наш граѓанин во дијаспората е важен, продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, во насока на подобрување на услугите на нашите граѓани во државите во кои живеат, истакнал министерот Спасовски, кој беше во работна посета на Белград, по повод потпишување на Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“. цр/сп/

фото: МВР
 

 

Остани поврзан