• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Лажните дојави за бомби се дел од хибридната војна, невозможно е да се откријат испраќачите ако заканите се преку Ви-Пи-Ен

Спасовски: Лажните дојави за бомби се дел од хибридната војна, невозможно е да се откријат испраќачите ако заканите се преку Ви-Пи-Ен

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Лажните најави за бомби во скопските училишта се дел од хибридната војна што се води, кои не случајно се појавија повторно кога се наближува настан од висок ризик, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

- Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настани, истакна Спасовски во гостувањето во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој потврди дека денеска се упатени закани за поставени експлозивни направи во осум средни и едно основно училиште на територија на Скопје.

- Сите проверки се завршени, дојавите се лажни, но предизвикуваат сериозна вознемиреност, додаде Спасовски.

Тој потенцира дека се води истрага за овие закани, но за таа да биде конечна мора да се обезбедат факти и докази.

- За два дена во Скопје се откри оној кој што ги праќаше дојавите. Го имаме откриено сторителот за дојавите во Кавадарци, за Делчево..., нагласи Спасовским, додавајќи дека испраќачите може лесно да се откријат ако дојавите се упатуваат од електронски адреси во земјава, но дека претставува проблем ако тоа се прави преку Ви-Пи-Ен, бидејќи тогаш е многу тешко и речиси невозможно да се открие од каде доаѓаат.

Министерот нагласи дека во спроведувањето на истрагата за дојавите МВР бара помош од сите институции и сите партнери и партнерски служби како Интерпол, Европол и земјите членки на НАТО. сп/см/

 

Остани поврзан