• петок, 22 ноември 2024

Спасовски и Брнз на оперативно-тактичка вежба на МВР и амбасада на САД

Спасовски и Брнз на оперативно-тактичка вежба на МВР и амбасада на САД
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД денеска беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, На вежбата присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски. Вежбата беше изведена на три локации и тоа дел од во куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации. Амбасадорката Брнз, информираа од МВР, активно учествувала во практичниот дел на вежбата што беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа: напад на конвој, насилни демонстрации, активен пукач, вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес), преглед  и претрес на дворната површина во амбасадата на САД, евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар) и укажување на прва помош. цр/дма/

Остани поврзан