Спасовски: Го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 за вработените во МВР
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека од денеска почнува исплатата на надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработените во МВР.
Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека од денеска почнува исплатата на надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработените во МВР.
Спасовски на „Фејсбук“ наведе дека се работи за бруто износ од 125.498.745 денари.
- Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службеници и вработените во МВР - со зголемување на платите за 35 отсто откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел - создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, напиша Спасовски. мд/бак/
Фото: Фејсбук на министерот Спасовски