• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Во тек се акции за сузбивање големи криминални групи

Спасовски: Во тек се акции за сузбивање големи криминални групи

Скопје, 26 март 2023 (МИА) - Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога, вели  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа за акциите на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога.

Спасовски ја посочи оперативната активност која се одвива на територијата на целата држава и на Град Скопје за сузбивање на уличното дилерство на дрога.-Најголемата акција беше на територија на Скопје во којашто имаше претерес на пет локации и се уапсени три лица. За жал, тука имавме наставник кој учествува во образовен процес, а вкупната вредност на дрогата која би ја достигнала на црниот пазар е околу 500.000 евра разновидна дрога: амфетамини, кокаин, марихуана и хероин. Секако, тука беа пронајдени и оружје и муниција и тоа е една од најголемите акции за сузбивање на голема криминална група овде на територија на градот Скопје. На територија на државата имаме околу 36 претреси во исто време направени, во кои се откриени поголеми количини на дрога, приведени 35 лица за кои се води постапка. Тоа е активноста во која практично се преземаат мерки секојдневно за сузбивање на трговијата со дрога, нагаси министерот Спасовски.Во однос на приведениот наставник, министерот Спасовски беше дециден дека е потребна заедничка акција.

-Многу е важно за образовниот процес и воспитанието на младите генерации и за сите нас, како ја подигаме јавната свест. Тоа е добро прашање - како се доведуваме до вакви состојби?! Мислам дека со динаминката во која живееме сите ние, многу повеќе време посветуваме на некои маргинални работи во животот, а не се насочуваме кон тоа што ни е суштина, бидејќи навистина образованието и воспитанието се меѓу клучните работи во сите сегменти во општественото живеење. Кога зборувам за образование, мислам токму на образовниот процес. Знаете, имавме период во време на режимот во кој образованието беше замислено како купување на диплома во трафика. Без да се помине тој образовен процес којшто ќе креира квалитетни кадри во институциите на системот, ќе ни се појавуваат ваквите аномалии, бидејќи знаете дека тоа е еден од кличните аспекти. Тоа го говорам како човек, меѓутоа како министер за внатрешни работи ќе повторам дека исклучително сме насочени кон разбивање на вакви криминални структури, потенцира Спасосвки. Министерот Спасовски потсети на оперативната акција „Безбедно лето“, која, како што рече, даде извонредни резултати во делот на намалување на криминалитетот и зголемување на откривачката функција. Потсети и на актуелниот оперативен план „Безбеден град“, кој е насочен токму на откривање и санкционирање на криминалните структури и групи, која од подрачјето на Скопје ќе се прошири на подрачјата и на останатите сектори за внатрешни работи. 

Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај.-Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ -  да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата, наведе Спасовски.мд/лв/

Фото: МВР 

 
 
 

Остани поврзан