• петок, 22 ноември 2024

Спасовски: Во Берн издадени вкупно 2.445 патни исправи преку заедничкиот проект на МВР и МНР

Спасовски: Во Берн издадени вкупно 2.445 патни исправи преку заедничкиот проект на МВР и МНР
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - За време на работната посета на Швајцарија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја посетил и македонската Амбасада во Берн, при што остварил средба со амбасадорот Кенан Рамадани и министерот советник во амбасадата Мелехат Муфтаровска. Како што напиша на фејсбук Спасовски, бил информиран дека во изминатиот период само во Берн се издадени вкупно 2.445 патни исправи преку заедничкиот проект на МВР и МНР отпочнат на 01.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање на патни исправи преку базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва. - Заклучно до денес, издадени се вкупно 17.650 патни исправи на наши граѓани во странство преку дипломатско-конзуларните претставништва, што претставува сериозно кратење на времетраењето на процедурите, намалување на гужвите по управните служби, но и трошоците за граѓаните, односно сега процедурата трае од 15 до 30 дена, споредбено со неколку месечното чекање што беше пракса во минатото, пред отпочнување на проектот, објави Спасовски на неговиот фејсбук профил. На средбата амбасадорот Рамадани презентирал дел од предлозите и предизвиците со кои се соочуваат нашите исселеници во Швајцарија. - Како МВР продолжуваме да го слушаме гласот на секој еден, бидејќи, секој еден Македонец во дијаспората е важен за нас, со уверување дека целта на ваквите средби со наши исселеници, како што беше и вчерашната во Тринген, е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат, напиша на фејсбук министерот Спасовски. цр/дма/

Остани поврзан