• петок, 22 ноември 2024

СПАЛ остана без тренер

СПАЛ остана без тренер
Ферара, 3 август 2020 (МИА) - Тренерот на СПАЛ, Луиџи Ди Бјаџо, по завршување на последното, 38. коло од италијанскиот шампионат, објави дека ја напушта својата функција. Тој го презеде тимот во февруари, заменувајќи го Леонардо Семпличи. Договорот со специјалистот беше со важност до крајот на сезоната. - Имавме договор да се разделиме ако тимот не избори опстанок. Кога бев поканет, верував дека можеме да победиме во борбата за опстанок. Подобро е да жалиме за неуспехот отколку да не се обидовме, изјави Ди Бјаџо за „Tuttosport“. СПАЛ првенството во Серија А го заврши на последното, 20. место со 19 бода зад „безбедната“ зона. зс/

Остани поврзан