• сабота, 23 ноември 2024

Со т.н. ноќен радар 133 казни за брзо возење на територија на цела држава

Со т.н. ноќен радар 133 казни за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 24 часот, Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 133 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што информираа од МВР, при тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место. цр/бак/      

Остани поврзан