• петок, 05 декември 2025

Со тениски меч започнаа четвртите „Спортски игри Велес“ со домашни и меѓународни спортисти

Со тениски меч започнаа четвртите „Спортски игри Велес“ со домашни и меѓународни спортисти

Велес, 3 јуни 2025 (МИА) - Со првиот меч натпревар во тенис - мажи денеска во Градскиот парк во Велес стартуваше програмата на четвртите „Спортски игри Велес“ со учество на домашни и меѓународни спортисти и екипи.

-Точно напладне започнаа и натпреварите во одбојка на песок- девојки. Натпреварите во фудбал ќе започнат во 17 часот, а во исто време ќе започнат и натпреварите во баскет јуниори. Попладнево од 15 часот по неколкучасовна пауза продолжуваат натпреварите во тенис, информира за МИА, Бубе Црвенпанов од организациониот одбор. Свеченото отворање на игрите е закажано за вечерва во 20 часот во Градскиот парк во Велес

Во првиот меч, прво коло, денеска први играа Мартин Данов од Кавадарци против Панче Димовски од Велес, а победи кавадарчаецот Данов со резултата  6: 0,  6 : 0, во двата сета.

„Спортските  игри Велес“ како и во изминатите три и оваа четвртта година  имаат поддршка од Општина Велес и главниот покровител годинава со 20 илјади евра е  Државна видео лотарија на Македонија и Casinos Austria, како и и бројни фирми спонзори..  

Од денеска па се до сабота 7 јуни, љубителите на спортот ќе имаат можност да следат натпревари во фудбал, кошарка, одбојка на песок, тенис и новиот адреналински спорт – тед бол, односно тенис со нога. Организаторите најавија дека екипите кои се пријавени ќе се борат за високите пласмани, а посетителите ќе може да уживаат во спортските мајстории и богатата програма.

Годинава на игрите  се пријавени околу 640 учесници во петте спортски дисциплини, што претставува досегашен рекорд. Воедно како ексклузивитет на игрите организаторот најави дека годинашна специјална гостинка ќе биде европската шампионка во одбојка на песок, Марија Серана од Шпанија

Организаторите информираа дека и годинава на сите спортски натпревари  ќе има бројни волонтери за спортските игри и потенцираа дека кај младите во градот има  голем интерес за волонтирање на игрите.

За време на спортските игри забранет е сообраќајот во Градскиот парк, а има и дежурни екипи на СВР Велес. ад/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан