• понеделник, 23 декември 2024

„Со спортот кон подобра иднина!“, општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во младите

„Со спортот кон подобра иднина!“, општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во младите

Скопје, 18 ноември 2024

 

Општина Ѓорче Петров, продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации. По долг период, општината повторно се развива, инвестира и обновува, со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите. Во рамките на оваа визија, неодамна беше завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 м².

 

Во таа насока, градоначалникот Александар Стојкоски порача:

"Младите се нашиот приоритет! Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат. Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца."

 

Дополнително, општината реализираше и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи:

 

Реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога;

Реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 м² нова подлога;

Поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“;

Изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.

 

Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови.

 

Со континуирана посветеност, Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да гради, обновува и инвестира, докажувајќи дека младите секогаш се приоритет.

 

Со љубов за Ѓорче и за иднината на нашите деца!

Со почит,

Кабинет на градоначалник - Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан