• петок, 22 ноември 2024

Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора 7. МФФ Киненова

Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора 7. МФФ Киненова
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Годинашното седмо издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“, во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ и „Табу“. На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на т.н. нов филм од шеесетките. Во последните две децении португалската кинематографија почна да доаѓа во центарот на европското и светското внимание, а во зората на новата есенска сезона Киненова донесе автори и филмови кои приредија вистинско позитивно изненадување. Вечерва во Кинотеката е проекцијата на филмот „Иста крв“ (Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood). Сценарио и режија Жоан Канижо. Улоги: Рита Бланко, Анабела Мореира, Клеја Алмеида. Филмот прикажува обично семејство кое живее во предградието на Лисабон  и гледа како спокојството на нивните животи се разнишува во рок од само една недела. Прикажан е на повеќе фестивали, на кои е наградуван, како CinEuphoria Awards 2012 – Absolute winner, Crossing Europe Filmfestival 2012 - New Vision Award, Golden Globes, Portugal 2012 – Best Film, Best Actor,  San Sebastián International Film Festival 2011 – FIPRESCI prize. Жоао Канижо е режисер и сценарист. Роден е на 10 декември 1957 година во Порто. Досега ги снимил филмовите „Иста крв“ (2011), „За љубовта“ (2013) и „Во темнината на ноќта“ (2004). „Табу“ (Tabu), пак, е филм кој говори за една неуморна пензионерка која се здружува со слугинката на нејзиниот починат сосед за да побара човек кој има тајна врска со нејзиниот минат живот како сопственик на фарма во подножјето на планината Табу во Африка. Сценариото и режијата е на Мигуел Гомеш, улоги: Телмо Чуро, Мигуел Гомез, глас, Ортенсилио Акиња. Филмот ја добил наградата на Фипресци во Берлин во 2012 година, French Syndicate of Cinema Critics 2013  - Critics Award, Las Palmas Film Festival 2012 – Audience award, Silver Lady Harimaguada и Portuguese Film Academy Sophia Awards 2013 – Best Film, Best Editing. Мигуел Гомеш е роден во 1972 година во Лисабон. Познат е по филмовите „Арапски ноќи 2 и 3“ (2014, 2015), „Табу“ (2012) и „Нашиот омилен месец август“ (2008). вг/сп/

Остани поврзан