• четврток, 21 ноември 2024

Со правење чај на енергија од сонце одбележан Меѓународниот ден на младите во Неготино 

Со правење чај на енергија од сонце одбележан Меѓународниот ден на младите во Неготино 

Неготино, 12 август 2024 (МИА) - Со подготовка чај на енергија од сонце беше одбележан Меѓународниот ден на младите во Неготино. Настанот беше во организација на регионалната еколошка организација „Ековита“, членка на Национален младински совет на Македонија, во соработка со Градската библиотека „Страшо Пинџур“, а во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на младите, од страна на УНДП.

- Темата на денешниот настан е обновливи извори на енергија и младите. На младите им говориме за значењето на искористувањето на обновливите извори на енергија, како сончевите зраци и значењето на тоа, да се избегнуваат загадувачки извори на енергија. За таа цел, денеска практично им покажавме како се приготвува чај на енергија од сонцето. Со години наназад со разни подготовки на нашите соларни печки, со огледала што привлекуваат сончеви зраци, практично презентираме кои се позитивните придобивки од сончевата енергија, појасни за МИА Кристина Тодорова, долгогодишен активист во „Ековита“, дипломиран земјоделски инженер. 

Во текот на денешниот настан, што се одржува во амфитеатарот во паркот кај Спомен-костурницата,  присутните млади имаат можност да се запознаат и со соларен панел за полнење на мобилни телефони. свд/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан