Со новите апарати намалени гужвите во штипска Физикална терапија
- а Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип се намалени гужвите и тоа со помош на двата нови мултифинкционални апарати. Началникот на ова одделение, Никола Костадинов вели дека од средината на декември лани, кога беа ставени во функција до денеска се бележи значително олеснување, намалување на времето за терапија и намалува на редиците пациентите кои чекаа пред вратите на физикална.

Штип, 5 февруари 2025 (МИА) – На Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип се намалени гужвите и тоа со помош на двата нови мултифинкционални апарати. Началникот на ова одделение, Никола Костадинов вели дека од средината на декември лани, кога беа ставени во функција до денеска се бележи значително олеснување, намалување на времето за терапија и намалува на редиците пациентите кои чекаа пред вратите на физикална.
На физикалното одделение при КБ Штип има пациенти од различни возрасни групи, а овде се работи и со деца.
-Со воведување на новиот начин на функционирање на Одделението за физикална терапија и со набавката на новите апарати ја намаливме гужвата. Со ова имаме поквалитетна здравствена услуга. Сите пациенти влегуваат во една кабина и ги добиваат сите процедури за разлика од претходно кога се одеше од просторија во просторија, изјави Костадинов.
Тој додаде дека во наредниот период ќе следи и реконструкција на болничките соби и соблекувалните, а во меѓувреме пуштен во употреба е лифтот
-Во наредниот период планираме инфраструктурно да да го решаваме проблемот со што ќе имаме нови соблекувални и на болничките соби. Со ова ќе го подобриме квалитетот на услугите за пациентите во целиот источен регион,вели Костадинов. вдј/са/
Фото: МИА