• недела, 22 декември 2024

Со наноси од земја и кал, непрооден е патот од село Степанци Општина Чашка кон Прилеп

Со наноси од земја и кал, непрооден е патот од село Степанци Општина Чашка кон Прилеп

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента, информираа од АМСМ. цр/ац/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан