• среда, 24 јули 2024

Со дискусија за значењето за заштитата на природата и доделување на наградите завршува Drim Short Festival

Со дискусија за значењето за заштитата на природата и доделување на наградите завршува Drim Short Festival

Струга, 17 август 2023 (МИА) - Со дискусија на тема „Зошто е значајно да се заштити природата во Југозападниот регион?“ во авто кампот Ливадишта вечерва завршува 7. издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“.

Говорници, како што најави организаторот, ќе бидат Орхидеја Тасевска од Хидробиолошкиот завод - Охрид и Ангела Тасеска од Националниот парк Галичица, а модератор Дарко Ќитаноски од Еко-свест.

По завршување на дискусијата официјално ќе бидат доделени наградите во натпреварувачките категории, по што ќе бидат прикажани филмовите од Еко-свест програмата, специјалната програма „МК special“ и гостинската програма од „DocuFest“ и „Sarajevo Film Festival“. сс/дма/

Остани поврзан