Со детската претстава „Волшебникот од Оз“ завршува програмата за септември на „Гевгелија град на културата 2025“
- Претставата е во изведба на Драмската секција за деца при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и станува збор за адаптација на познатата приказна која на креативен и едукативен начин им се приближува на најмладите гледачи.
Гевгелија, 29 септември 2025 (МИА) - Утре во во просториите на Пионерскиот дом- Гевгелија, ќе се одигра детската театарска претстава „Волшебникот од Оз“, во форма на камишибаи театар и со неа завршува програмата за септември од манифестацијата “Гевгелија град на културата 2025“, соопштија од локалната самоуправа.
Претставата е во изведба на Драмската секција за деца при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и станува збор за адаптација на познатата приказна која на креативен и едукативен начин им се приближува на најмладите гледачи.
-Камишибаи театарот, како форма на визуелно раскажување, овозможува уникатно доживување преку спој на илустрации, раскажување и драмска игра, се наведува во соопштението.
Настанот е наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, но е отворен и за сите љубители на детската книжевност и алтернативниот театар. Присутните ќе имаат можност да уживаат во настапот на младите актери, кои заедно со својот ментор Катица Џишева Дупарова, посветено работеа на подготовката на оваа претстава.рт/
Фото: Општина Гевгелија