• петок, 22 ноември 2024

Со дегустација на вина и ракии почна одбележувањето на празникот ,,Свети Трифун" во Неготино

Со дегустација на вина и ракии почна одбележувањето на празникот ,,Свети Трифун

Неготино, 12 февруари 2024 (МИА) - Со дегустација на вина и ракии денеска почна одбележувањето на празникот „Свети Трифун" во Неготино, повеќедневна традиционална манифестација насловена „Недела на виното". 

- Верскиот празник се смета за заштитник на градот, на лозарите и винарите. Одбележувајќи го овој празник, секоја година организираме натпревар за најдобро вина и ракии од индивидуални производители. Стручната комисија што  врши оценување на доставените мостри е составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија, а оваа година за дегустација има пристигнато вкупно 73 мостри, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Од нив, соопшти тој, се оценуваат 25 мостри на бели вина, 15 црвени, девет розе вина и 24 мостри на ракии.

-  За најдобрите производители на вина и ракии Општина Неготино обезбеди пригодни награди и признанија, што ќе  бидат врачени во среда на 14 февруари, за време одржувањето на централниот настан по повод „Свети Трифун“, што ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино, со почеток од 12 часот, појасни градоначалникот. свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан