• четврток, 07 ноември 2024

Со Грчките железници и Солунското пристаниште договорени нови протоколи за работа во кризно време

Со Грчките железници и Солунското пристаниште договорени нови протоколи за работа во кризно време
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Подготовката на логистика за зголемен потенцијален железнички транспорт од Солунското пристаниште, била тема на денешната средба во Солун на раководствата на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, ЈП ЖРСМ Транспорт, Солунското пристаниште и Грчките железници. -Состанокот е заради сеопфатна подготовка за зголемен потенцијален железнички транспорт од Солунското пристаниште. Договорени се нови протоколи и процедури за работа во кризно време и одговор на сите потреби во такви околности, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП МЖ Инфраструктура. Разговарано е и за меѓудржавното железничко поврзување преку граничната станица Битла Кременица. -Работите од македонска страна се завршени, а во најскоро време ќе бидат завршени и од грчките железници, рече Локвенец. На средбата со првите луѓе на Грчките железници и Солунското пристаниште покрај директорите на ЈП МЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец и на ЈП МЖРСМ  Транспорт Мајан Весели присуствувал  и директорот на Фершпед Иван Петровски.лв/бак/

Остани поврзан