• сабота, 06 декември 2025

Со Богослужба кај параклисот на Пресвета Богородица во Струга одбележан празникот посветен на Мајката Божја, стружани бараат возобновување на светилиштето

Со Богослужба кај параклисот на Пресвета Богородица во Струга одбележан празникот посветен на Мајката Божја, стружани бараат возобновување на светилиштето


Струга, 28 август 2025 (МИА) - Со црковно народен собир и света Божествена литургија денеска кај параклисот Воведение Богородично во близина на Женска плажа се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица.

Верниците порабаа возобновување на светилиштето, кое, според историчарите тлее уште од крајот на 19 век. 

Отец Александар Димоски, свештеник, во храмот свети Ѓорѓи, вели дека градењето храм не е примарна цел, бидејќи остваруваат Богослужби кај параклисот, но оти е реална потреба, не само за православната заедница, туку воопшто за Струга.

– Идејата за возобновување на ова светилишто не е од сега. Тлее со децени. Уште во крајот на 19 век имаме историчари и патеписци што пишуваат дека овде имало храм. Градењето храм за нас не е примарна цел, ние си ги остваруваме богослужбените потреби, но потребата е реална, не само за православната заедница, туку воопшто за Струга. Ние ги остваруваме овде богослужбените потреби, но секако дека е реална потреба, истакна отец Димоски.

Стружани велат дека желбата за црковен храм е голема и оти во Струга од осамостојувањето на државата до денес не е изградена ниту една нова црква.

– Ние не бараме ништо повеќе, ништо помалку, туку да ни биде вратено тоа што ни го оставила Богородица што ни го доверила на чување, велат верниците.

Земјиштето на кое е поставен параклисот и каде стружани сакаат да изградат храм, на црквата, и е вратено со денационализација во 2010 година. Иницијативата за изградба на црква неколку пати била одбивана од Општината и не добивала одобрение за градба. сс/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан