Со Бадникова поворка најавено Христовото раѓање во Кавадарци
- Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“ денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци.

Кавадарци, 6 јануари 2024 (МИА) - Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“ денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци.
Поворката тргна од црквата „Света “Петка, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата, рече меѓу другото Јанчев.
Свештените лица се осврнаа на значењето на празникот и на тоа како тој правилно да се одбележува. свд/бт/
Фото : МИА