• понеделник, 25 ноември 2024

Сојлу: Во новиот земјотрес во Турција најмалку тројца загинати и 213 повредени, а уште 42 повредени во Сирија

Сојлу: Во новиот земјотрес во Турција најмалку тројца загинати и 213 повредени, а уште 42 повредени во Сирија

Анкара, 20 февруари 2023 (МИА) – Во денешниот нов силен земјотрес што го зафати пограничниот регион меѓу Турција и Сирија, загинале три лица, а 213 се повредени од турска страна, додека во Сирија имало 42 повредени лица, соопшти вечерва турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Европскиот медитерански сеизмолошки завод (ЕМСЦ) вечерва соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтеровата скала бил на 14 километри југозападно од Антакије, на длабочина од 10 километри.сд/

Остани поврзан