• недела, 16 март 2025

Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Република Северна Макеоднија по пожарот во дискотека во Кочани.

„Во име на Министерството за надворешни работи на Република Србија, како и од мое лично име, изразувам длабоко сочувство до народот и властите на Република Северна Македонија за трагичниот пожар што синоќа се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и однесе десетици животи. Во овие тешки моменти, Србија стои со својата братска Северна Македонија, споделувајќи ја болката и тагата за оваа невидена трагедија.

Република Србија сè уште стои цврсто со своите браќа во Северна Македонија и е подготвена да ја даде сета потребна поддршка и помош.

Нашите мисли се со семејствата на жртвите, на кои им изразуваме искрено сочувство и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување.

Споделувајќи ја тагата од овој неописливо страшен и потресен настан, верувам дека заедно ќе успееме да ја надминеме оваа трагедија, како што тоа го правевме во минатото, се наведува во соопштението од српското МНР потпишано од министерот Марко Ѓуриќ. зш/

Остани поврзан