• петок, 27 декември 2024

Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад

Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан изрази сочувство до српскиот патријарх г.г. Порфириј и до семејствата на настраданите во несреќата во Нови Сад. 

- Со голема тага ја примивме жалната вест за несреќата што се случи на 01.11.2024 г. на железничката станица во Нови Сад, каде што по ненадејното рушење на натстрешницата животот трагично го загубија 14 лица, меѓу кои и македонски државјанин, а уште неколкумина беа повредени. Во овие траорни моменти за Вас и за цела Србија, дозволете ми од Свое име, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од братскиот македонски народ, да го изразам нашето длабоко сочувство до Вас и до семејствата на трагично постраданите, како и нашето искрено сострадување со сиот српскиот народ.

Споделувајќи ја со Вашата Светост болката од немилиот настан, заедно со Вас Го молам Семилостивиот Бог, на упокоените Свои чеда да им го дарува Царството Небесно, на нивните роднини и пријатели да им испрати небесна утеха, а на повредените да им дарува поскоро закрепнување, наведува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во пораката до поглаварот на СПЦ г.г. Порфириј и семствата на настраданите.са/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан