• четврток, 26 март 2026
Состојба на патиштата

25 септември 2025

ВИАДУКТ Трејд Гостивар известува дека на ден 24.09.2025 год. ќе се започне со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци.

На експресниот пат А2, Крива Паланка - Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација - семафори.

Од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар - Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

АМСМ

Остани поврзан