• вторник, 10 март 2026

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Како што објави Автомотосојузот на Македонија, нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан