• понеделник, 23 декември 2024

Соработка на поштите на Србија и на Северна Македонија преку „Отворен Балкан“

Соработка на поштите на Србија и на Северна Македонија преку „Отворен Балкан“
Белград, 13 октомври 2022 (МИА) - Делегација на „Поштата на Северна Македонија“, предводена од директорот Васко Стефанов, ја посети „Поштата на Србија“ со цел натамошно зајакнување на соработката и поефикасно поврзување на граѓаните и бизнисите, јави дописникот на МИА од Белград. - Раководствата на поштите на двете земји разговараа за можностите за подлабоко деловно поврзување што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“. Со директорот Стефанов договоривме понатамошни активности во претходно воспоставените области на соработка и инициравме проекти во кои „Поштата на Србија“, како водечки поштенски оператор во регионот, треба да обезбеди професионална поддршка на колегите од Северна Македонија, изјави в.д директорот на српската „Пошта“, Зоран Ѓорѓевиќ. Тој посочи дека ова е особено важно, бидејќи заедничките проекти претставуваат конкретизација на иницијативата „Отворен Балкан“ преку создавање технички и институционални можности за раст на пазарот и економска активност со цел поефикасно поврзување на граѓаните и деловните субјекти во регионот, на што „Поштата на Србија“, како општествено одговорна национална компанија, особено инсистира, се наведува во соопштението на Поштата на Србија. Поштите на двете земји во август 2021 година потпишаа Протокол за соработка, со кој се воспоставува рамка за развој на нови заеднички сервиси, пред се во областите каде што „Поштата на Србија“ веќе интензивно работи - дигитализација на услугите и развој на е-трговија. Кон крајот на минатата година беше иницирана соработка на проектот за воведување на адресниот код (ПАК) во „Поштата на Северна Македонија“, во рамките на проектот „Превод на адреса во адресен код“ изработен од експертскиот тим на „Поштата на Србија“. На делегацијата на „Поштата на Северна Македонија“ и беше претставена можноста за вклучување во регионалните проекти на српската „Пошта“ – ПостПак, наменети за правни лица и претприемачи за поттикнување на извозот во рамките на онлајн трговијата и ПостКеш, - проект за трансфер на пари, се наведува во соопштението. об/ар/

Остани поврзан