• петок, 22 ноември 2024

Сопственикот на Евертон за Бенитез: Неговата врска со Ливерпул е многу далечна, тој го сака градот, а не одреден клуб

Сопственикот на Евертон за Бенитез: Неговата врска со Ливерпул е многу далечна, тој го сака градот, а не одреден клуб
Ливерпул, 2 јули 2021 (МИА) - Сопственикот на Евертон, Фарад Мошири, го коментираше назначувањето на Рафаел Бенитез за главен тренер на клубот. Бенитез има работено во Ливерпул, градскиот лу ривал на Евертон, па поради тоа, тој не наиде на топол прием кај навивачите на „карамелите“. Сепак, Мошири не гледа проблем поради тоа што Бенитез рабоетл во Ливерпул во минатото. - Не мислам дека ќе најдевме некој со таква страст и знаење за фудбалот. Зборуваше без да застане! Тој има податоци за 3000 играчи на неговиот компјутер, тој знае сè за нив, за нивните повреди и за сè друго. Можеби мислите дека неговиот живот е само фудбал, ништо друго. Тој е паметен човек, опседнат со фудбалот. Треба да внесете страст во тимот. Ни требаше искуство и победнички менталитет. Мислам дека неговата врска со Ливерпул е многу далечна. Тој беше тренер на Ливерпул, но и Наполи, Валенсија, Реал Мадрид. Тој е професионален и посветен тренер кој ги вложуваше срцето и душата во секој клуб што го тренираше. Треба да изберете професионалци кои се посветени на нивната работа и ќе дадат сè за доброто на тимот. Бенитез го сака градот Ливерпул, а не одреден клуб, рече Мошири. Ќе видиме дали со оваа изјава Мошири ќе успеа да ги разубеди навивачите на Евертон кои се противат на назначувањето на Бенитез за тренер на нивниот омилен клуб. зс/

Остани поврзан