• недела, 22 декември 2024

Сопружниците Бегај и вработените во претседателскиот кабинет даруваа крв

Сопружниците Бегај и вработените во претседателскиот кабинет даруваа крв

Тирана, 14 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Албанија  Бајрам Бегај и првата дама Арманда, заедно со вработените во претседателскиот кабинет, на Меѓународниот ден на крводарителството, ја продолжија  традицијата на дарување крв во оваа институција.

Оваа кампања, организирана во соработка со Националниот центар за дарување крв, има за цел да ја покрене свеста кај албанските граѓани да придонесат во доброволното  крводарување.

Оваа година светската кампања за дарување крв се фокусира на поединци на кои им е потребна доживотна поддршка за трансфузија.

Во овој контекст, првата дама на Албанија  Арманда Бегај испрати порака .

-Секој кој е здрав и има можност да дарува крв или плазма, во знак на солидарност, ќе придонесе за подобар квалитет на живот на пациентите кои се во животно загрозувачки услови. Навидум мал гест, но спасува животи, порача таа.

Ја искористи приликата да изрази благодарност до сите кои даваат свој придонес на ова поле.

- Благодарам на сите оние кои ја подаваат раката и ја даруваат течноста што живот значи. Пред секоја потешкотија кога заедно се соочуваме ја надминуваме полесно, рече првата дама на Албанија откако дарува крв.

Традицијата да даруваат крв од претседателската резиденција е воспоставена пред повеќе години. Повеќекратен дарител е и неговиот претходник Илир Мета но и премиерот Еди Рама. вт

Фото: Бегај Фб

Остани поврзан