• четврток, 19 јуни 2025

Соопштени наградите за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг“

Соопштени наградите за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг“

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје денеска ги соопшти наградите и признанијата за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”.

Како што информираат од Фондацијата, и годинава ќе бидат доделени седум награди и признанија. Наградата „Балкански книжевни видици” ќе биде доделена на писателот Селимир Радуловиќ од Нови Сад, за меѓународни книжевни вредности и релации.

Наградата „Отворен круг” на писателот Стефан Марковски, за иновации и експерименти во книжевноста, додека наградата „Премостувања” на писателот Шаип Емерлаху, за презентација и афирмација на македонското литературно творештво на Фестивалот „Денови на Наим Фрашери” во Тетово.

Наградата „Хаикин“ ќе ја добие писателката Елена Пренџова, за посебен придонес во Хаику поезијата, додека „Литературни координати” на писателката Роза Бојанова од Бугарија, за соработка и доближување на литературите. „Македонски корени” ќе биде доделена на писателот Ивица Челиковиќ од Шведска, за неговото литературно и преведувачко творештво и „Големиот Принц” на писателот Мито Спасевски, за придонесот на планот на литературата за деца и млади.

Фестивалот е традиционален и годинава ќе се одржи на 15 мај, во Културниот центар „Феникс” во Скопје.бт/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан