• петок, 15 ноември 2024

Соопштение од АА, БЕСА и ДД за интервјуто на Али Ахмети

Соопштение од АА, БЕСА и ДД за интервјуто на Али Ахмети

19 септември 2023 

После вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното:

Mожеби е време за следната теза - ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори.

Алтернатива - Движење Беса - Демократско Движење

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан