• четврток, 26 март 2026

Сообраќајот тековно, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот тековно, на граничните премини нема подолги задржувања

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.са/

Фото: МИА

Остани поврзан