Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози
- На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат попладнево од ЈП Македонијапат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. дма/
Фото:МИА архива