Сообраќајот се одвива непречено, сите патни правци проодни
- Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, соопштува јавното претпријатие „Македонија пат“.
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, соопштува јавното претпријатие „Македонија пат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. бак/
Фото: МИА архива