• четврток, 14 ноември 2024

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан