Сообраќајот се одвива на мостот кај кумановско Проевце, санацијата продолжува на долната страна
- Од понеделник прооден за сообраќај е мостот на река Кумановка на патот R1204, на делницата Куманово – Свети Николе, кај Проевце, соопштија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта.

Куманово, 12 октомври 2022 (МИА) - Од понеделник прооден за сообраќај е мостот на река Кумановка на патот R1204, на делницата Куманово – Свети Николе, кај Проевце, соопштија денеска од Јавното претпријатие за државни патишта. Санацијата на оштетувањето е завршена, а градежните активности продолжуваат сè до завршување на предвидениот рок.
- Сообраќајот ќе се одвива по мостот затоа што е завршено со санација на горниот строј на мостот и мостот e пуштен во сообраќај. Останува уште да се работи на последниот распон од главниот носач и последниот краен столб. Рокот за извршување на работите е 15 месеци од вовед во работа, соопштија денеска од ЈПДП.

Оттаму појаснуваат дека работата на последниот распон од главниот носач и последниот краен столб се извршува од долната страна на мостот така што сообраќајот може да се одвива.
- Санацијата на мостот ќе изнесува 59.733.742 денари без данок на додадена вредност, информираа од ЈПДП.
Изведувачот почна со работа 13-ти декември лани. Претходно мостот „Р1204“ над река Кумановка беше во исклучително лоша состојба и пред санирањето беше небезбеден поради отворената дупка на асфалтот. ам/мд/