Сообраќајот се одвива во зимски услови, по суви коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени што поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени што поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Јавното претпријатие апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината спрема условите на патот.
Фото: МИА архива