Сообраќајот по претежно влажни коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Скопје, 6 декември 2023
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502
ЈП Македонијапат
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.