Сообраќајот на патот Валандово – Струмица се одвива отежнато и забавено поради одрон
- СООПШТЕНИЕ - На патниот правец Валандово – Струмица, кај Костурино поради одрони сообраќајот е одвива отежнато и забавено, информира АМСМ.

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - На патниот правец Валандово – Струмица, кај Костурино поради одрони сообраќајот е одвива отежнато и забавено, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./
Фото: МИА